Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

„Не наседнувајте на манипулации“: Семејството на Тоше Проески јавно реагираше по најавен концерт во Хрватска

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarypi4lm6t31e3f9QinAJV

Семејството на Тоше Проески јавно се огласи откако на платформата „Ивентим Хрватска“ беше објавена продажба на билети за концерт во чест на македонската музичка легенда, најавен под насловот „Тоше засекогаш – музика која живее“ („Toše Forever – Glazba koja živi“), кој треба да се одржи во Сплит.

Во соопштението, објавено од сестрата на Тоше Проески, Дора Проеска, се наведува дека семејството нема никаква поврзаност со овој настан и дека дел од информациите што се пласираат се неточни.

„Јавно и недвосмислено сакаме да ве известиме дека оваа информација не е точна. Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше. Организаторите немаат ниту службена дозвола од нас за негово одржување, а ние сме единствените носители на правата“, стои во објавата.

Семејството истакнува дека секој искрен настан организиран во чест на Тоше Проески е доказ дека неговата музика и дело продолжуваат да живеат, но додава дека нема да дозволи злоупотреба на неговото име.

„Секој искрен настан организиран во чест на Тоше е доказ дека неговата музика и дело продолжуваат да живеат. Но, нема да дозволиме отворена манипулација со неговото име и неговата публика“, наведуваат од семејството.

Воедно, упатија апел до неговите обожаватели да бидат внимателни и да не наседнуваат на, како што велат, „невистини и комерцијални манипулации“.

„Ве замолуваме да не наседнувате на невистини и комерцијални манипулации што си играат со емоциите на сите што го сакаат Тоше Проески“, се вели во пораката.

media-libraryotafds0497re06mDAkH

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

2110449_profimedia0491810859-pronc-hari-megan-markl_ls

Хари и Меган ќе го поминат Божиќ со мајката на Меган, а не со кралското семејство

Сцена | пред 7 часа

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 10 часа

actor-george-clooney-and-lawyer-amal-clooney-enter-the-news-photo-1664279400

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на Пресли Гербер: „Една од најтешките работи што може да му се случат на едно семејство“

Сцена | пред 16 часа

media-library5dsq4cngf4stf51N7R2

Водителот ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор ги насмеа сите

Сцена | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања