Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Медиасет.мк
пред 44 минути
media-library1ugcqto1r4godP3wzKs
Photo by Nik on Unsplash

Убави, достапни и лесно вклопливи во различни стилови на уредување, керамичките саксии често се прв избор за љубителите на собни растенија. Но, некои од нив имаат сериозен недостаток што може да доведе до пропаѓање на цвеќињата – немаат отвори за одвод на вишокот вода.

Правилното истекување на водата по наводнувањето е важно за здравиот раст на растенијата. Кога саксијата нема отвори на дното, водата се задржува во почвата, поради што коренот предолго останува во влажна средина и почнува да гние. Со текот на времето, растението слабее и може целосно да пропадне.

Затоа, при купување саксија не треба да се обрнува внимание само на изгледот, туку и на тоа дали има отвори за дренажа и дали тие се проодни.

Ако веќе имате керамичка саксија, не мора веднаш да ја замените. Често во неа има посебна пластична саксија со отвори, додека керамичката служи само како украсна обвивка. Во тој случај, при наводнување извадете го растението и оставете го вишокот вода целосно да истече пред да го вратите.

Доколку, пак, растението е засадено директно во керамичка саксија без отвори за одвод, се препорачува да го пресадите во соодветен сад со дренажни отвори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 27 минути

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 8 часа

media-libraryd7uar42eqsrv1Skd0Xg

Поинтелигентните луѓе не сакаат многу дружења со други луѓе

Вирално | пред 8 часа

media-library4ju582r1d8bf0tPFb8z

Освоила автомобил на лотарија, но се разочарала кога сфатила дека не може да се смести во возилото

Вирално | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања