Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија
Убави, достапни и лесно вклопливи во различни стилови на уредување, керамичките саксии често се прв избор за љубителите на собни растенија. Но, некои од нив имаат сериозен недостаток што може да доведе до пропаѓање на цвеќињата – немаат отвори за одвод на вишокот вода.Правилното истекување на водата по наводнувањето е важно за здравиот раст на растенијата. Кога саксијата нема отвори на дното, водата се задржува во почвата, поради што коренот предолго останува во влажна средина и почнува да гние.
Вирално | пред 1 час