Фотографијата што го освои интернетот: Како настана познатиот мем „Distracted Boyfriend“
Фотографијата на маж кој се врти по друга жена додека неговата девојка го гледа со неверување денес е препознатлива за милиони корисници на интернет. Но, зад еден од најпознатите мемови стои обична сток-фотографија направена во Каталонија во 2015 година.Фотографијата ја направил шпанскиот фотограф Антонио Гилем, а само две години подоцна таа започнала да се шири како мем на Facebook и тогашниот Twitter. Најчесто се користела за прикажување ненадејна промена на интересот, искушение или неверство.
Вирално | пред 5 часа