На Саша Ковачевиќ му се влошила здравствената состојба, ги одложи концертите
Здравствената состојба на српскиот пејач Саша Ковачевиќ се влошила по операцијата на стапалото, на која бил подложен пред околу 20 дена, поради што неговите претстојни концерти се одложуваат. Информацијата ја соопшти неговиот менаџер преку објава на социјалните мрежи.Во официјалното известување се наведува дека пејачот во моментов не е во можност да настапи на претходно утврдените датуми. Поради тоа, публиката во повеќе градови во Србија и регионот ќе мора да ги почека новите термини за концерти
Сцена | пред 5 дена