Речиси 40 години живее бесплатно во куќата на Стиви Вондер, пејачот сега ја тужи
Музичката легенда Стиви Вондер поднесе тужба против Кармен Џеферсон, која речиси 40 години живее во негова куќа во Холивуд Хилс без да плаќа кирија. Пејачот бара нејзино иселување, откако таа одбила да им дозволи на неговите претставници да влезат во имотот за да ја обноват полисата за осигурување.Според тужбата поднесена пред судот во Лос Анџелес, Џеферсон живее во куќата со три спални соби од 1988 година, врз основа на устен договор со Вондер, кој ѝ дозволувал да престојува таму без надомест.
Сцена | пред 1 час