Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Повеќе чекори, подобра концентрација? Научниците открија интересна поврзаност

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-library3unmusk0p3mk1fAaIW6
Photo by Emma Simpson on Unsplash

Бројот на чекори што ги правиме секој ден може да биде поврзан не само со физичката активност, туку и со вниманието и способноста за донесување одлуки. Ова го покажува истражување во кое научниците анализирале податоци за 3.093 возрасни лица во период од 14 години.

Истражувачите користеле податоци од уреди „Фитбит“ и резултати од когнитивни тестови на учесници на возраст од 18 до 93 години. Според просечниот број дневни чекори, испитаниците биле поделени во три групи: со 5.108, 8.875 и 14.161 чекори дневно.

Резултатите покажале дека поактивните учесници постигнале подобри резултати на тестовите за одржување на вниманието, игнорирање на пречки и избор меѓу моментална и одложена награда. Разликите биле мали, но останале забележливи и по земањето предвид фактори како возраста, образованието и приходите.

Истражувањето утврдило послаба поврзаност меѓу крвниот притисок и когнитивните резултати, а не била забележана значајна разлика во способноста за препознавање емоции на лицата.

Научниците претпоставуваат дека врската меѓу физичката активност и когнитивните способности може да биде поврзана со подобриот метаболизам на гликозата, намалувањето на воспалителните процеси и способноста на мозокот да се приспособува. Сепак, овие механизми не биле директно испитувани.

Истражувачите нагласуваат дека станува збор за набљудувачка студија, која не докажува дека поголемиот број чекори директно ги подобрува когнитивните способности. Бидејќи тестовите биле спроведени само еднаш, не можело да се утврди ниту како способностите се менувале со текот на времето. Студијата, исто така, не утврдила конкретен број дневни чекори што би бил оптимален за подобрување на вниманието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryke4a5kv7jc0h8ISHyoJ

Шест намирници што содржат повеќе магнезиум од бадемите

Вирално | пред 29 минути

media-libraryda0ok6asc4l43woURtd

Најскапите видеоигри во историјата: развојот чинел стотици милиони евра

Вирално | пред 33 минути

media-librarye500h35sluon4mqKIcP

Даниел Редклиф гледа „Хари Потер“ со синот, но момчето не знае дека татко му е главниот актер

Вирално | пред 7 часа

media-libraryuv7sqv4fc2877IsED6y

Прага е најдобриот европски град за самостојни патувања, еве кои се во првите десет

Вирално | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања