Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Пушачите имаат 31 отсто поголем ризик од деменција, но откажувањето носи добра вест

Медиасет.мк
пред 1 час
media-libraryp3rcf95mgui85Q5H3np

Пушењето не го загрозува само здравјето на срцето и белите дробови, туку е поврзано и со зголемен ризик од деменција. Голем научен преглед, кој опфатил податоци за околу 2,8 милиони луѓе, покажал дека пушачите имаат поголема веројатност да развијат деменција, Алцхајмерова болест и васкуларна деменција.

Според истражувањето предводено од научници од Австралија, пушачите имаат 31 отсто поголем ризик од деменција во споредба со луѓето што никогаш не пушеле. Ризикот од Алцхајмерова болест е поголем за 40 отсто, а од васкуларна деменција за 52 отсто.

Кај васкуларната деменција, која настанува кога мозокот не добива доволно крв поради оштетени крвни садови, поврзаноста со пушењето е најизразена. Тоа се поврзува со штетното влијание на цигарите врз крвните садови низ телото.

Истражувачите утврдиле и дека ризикот расте со бројот на испушени цигари. Кај луѓето што пушат по десет цигари дневно ризикот од деменција е поголем за 16 отсто, додека кај оние што пушат по една кутија дневно се зголемува за 34 отсто.

Сепак, истражувањето носи и охрабрувачки резултати. Луѓето што се откажале од пушењето немаат поголем ризик од деменција во споредба со оние што никогаш не пушеле, а ризикот им е помал отколку кај луѓето што продолжуваат да пушат.

Научниците нагласуваат дека резултатите не докажуваат директна причинско-последична врска меѓу пушењето и деменцијата, но претставуваат дополнителен доказ за можните придобивки од откажувањето од цигарите.

Авторите сметаат дека во кампањите против пушењето треба повеќе да се зборува и за последиците врз здравјето на мозокот, помнењето и способноста за размислување. Препорачуваат предупредувањата на кутиите цигари да го опфатат и овој ризик, а информациите да бидат дел и од програмите за откажување од пушењето.

Најавени се и дополнителни истражувања за да се утврди дали времето на откажување и периодот поминат без цигари влијаат врз ризикот од деменција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6r1b6717ja95a9MiAJv

На колку степени треба да ја поставите климата во зима за да заштедите струја?

Вирално | пред 3 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

GTA 6 пристигнува на конзолите, но кога ќе ја добијат играчите на компјутер?

Вирално | пред 3 часа

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 4 часа

media-libraryke4a5kv7jc0h8ISHyoJ

Шест намирници што содржат повеќе магнезиум од бадемите

Вирално | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања