Судска војна меѓу технолошките гиганти: OpenAI го тужи Apple
Судскиот спор меѓу технолошките гиганти OpenAI и Apple се продлабочува откако компанијата што го разви ChatGPT поднесе противтужба против Apple, обвинувајќи ја за кражба на деловни тајни и попречување на пристапот до добавувачи на хардвер.
Противтужбата е поднесена во петокот пред федерален суд во Калифорнија, САД. OpenAI тврди дека практиките на Apple при вработувањето се насочени кон задржување на стручните кадри и спречување тие да работат на технологии на конкурентски компании.
Овој потег следува откако Apple претходно ги тужеше OpenAI и двајца нејзини поранешни вработени, обвинувајќи ги за неовластено користење деловни тајни со цел да ѝ помогнат на компанијата зад ChatGPT да влезе на пазарот на потрошувачки хардвер.
Спорот се случува во период на засилена трка во развојот на производи со вештачка интелигенција, во која технолошките компании се натпреваруваат за привлекување стручни кадри и пристап до сопственички технологии.
Според оцените на „Ројтерс“, судската постапка би можела да прерасне во поширока борба за контрола врз идните уреди со вештачка интелигенција, кои можеби нема да се потпираат на традиционалните апликации и оперативни системи.