Доста од вештачката интелигенција: Canva им овозможува на корисниците да ги сокријат AI-дизајните
По бројните реакции на корисниците за големото количество содржини создадени со вештачка интелигенција, платформата Canva воведува нови контроли со кои ќе може да се намали нивното присуство во понудените дизајни.
Корисниците ќе добијат можност целосно да ги исклучат функциите за создавање содржини со вештачка интелигенција или да ги отстранат AI-дизајните од библиотеката со понудени предлози.
Од Canva појаснуваат дека алатките како „Background Remover“ и „Magic Grab“ ќе останат достапни и по исклучувањето на AI-генерирањето, бидејќи тие служат за менување на веќе постојна содржина, а не за создавање нова.
Сепак, компанијата признава дека целосното отстранување на AI-содржините не може да се гарантира. Како што објаснија од платформата на Reddit, Canva има повеќе од 100 милиони содржини, поради што е невозможно со целосна точност да се означи секоја содржина создадена со вештачка интелигенција.