Медиасет.мк logo
Промени тема

„Тоше те сакаме сите“: Скопје ќе му оддаде почит на Тоше Проески со голем музички настан

Медиасет.мк
пред 1 час
toshe-proeski

Со музика, спомени и настапи на бројни изведувачи, на 16 октомври во Скопје ќе биде одбележан споменот на Тоше Проески, еден од најсаканите македонски музичари. Настанот под мотото „Тоше те сакаме сите“ ќе се одржи во Ново Лисиче, во општина Аеродром, со почеток во 16 часот, на улицата што го носи неговото име.

Музичката програма ќе ја изведат хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“, заедно со познати музички имиња и млади таленти, кои преку песните ќе му оддадат почит на Тоше.

Меѓу најавените изведувачи се групите Next Time и The Crew, како и Ламбе Алабаковски, Филип Божиновски, Владимир Поповски, Тамара Волческа, Мими Јовановска, Бојана Арсовска, Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска.

Во програмата ќе учествуваат и младите музички таленти Михаил Милошевски, Јосиф Коштрмовски, Ивана Билјана, Андреј Цаневски, Нела Манчевска, Лара Митевска, Бјанка Цорциана Дуца и Агнеса Русомарковска.

„Со голема љубов и почит ве покануваме заедно да го одбележиме споменот на нашиот Тоше Проески, човекот чија музика, хуманост и добрина засекогаш остануваат во нашите срца“, се наведува во поканата за настанот.

Музичкиот собир е најавен за 16 октомври, денот кога во 2007 година Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска. Деветнаесет години подоцна, неговите песни продолжуваат да ги поврзуваат генерациите, а неговото име останува симбол на музика, хуманост и добрина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Сцена | пред 1 месец

media-librarydhqkv25vpkl24E40jCg

(Видео) Блага Петреска со песна го испрати Мицкоски од Пустец: „Живи се твоите корени, ти мајко, чуваш рани незатворени“

Сцена | пред 1 месец

media-libraryjeunecid277c8fdlHMw

„Силно светнал ден“ продолжува: Џамбазов, Тони Зен, Драгана Левенска и уште многу изведувачи во Битола и Велес

пред 2 месеци

media-libraryfbalmb5skcfgbfyBCHZ

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Сцена | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања