Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Антониа Гиговска влегува во евровизиската трка, одговори и на прозивките за да настапи заедно со Боки 13

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library5tq6q7e8f7socBkX5jz

Антониа Гиговска размислува за учество на Евровизија и веќе има неколку музички идеи со композиторите Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Таа во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ рече дека би сакала да ја претставува Македонија, но дека конечниот избор треба да го направи публиката.

„Не знам дали ќе ме избере публиката. Се надевам и би сакала“, рече Гиговска.

Прашана дали веќе подготвува песна со која би се пријавила на можниот избор, таа потврди дека се разгледуваат неколку идеи.

„Да ти кажам искрено, имаме неколку идеи со Дарко и со Лазе“, изјави Гиговска, потврдувајќи дека станува збор за Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Во разговорот беше отворена и можноста за заеднички настап со друг изведувач, но Гиговска беше јасна дека себеси се гледа како самостоен претставник.

„Не знам дали би отишла заедно со некого. Дефинитивно се гледам сама на таа сцена“, рече таа.

Гиговска ги оцени како шега објавите на социјалните мрежи во кои однапред се прогласува дека таа или Бојан Јовановски ќе биде следниот македонски претставник. Според неа, најверојатно ќе има избор на кој кандидатите ќе треба да се натпреваруваат.

Таа ја поддржа и можноста за враќање на Скопскиот фестивал, посочувајќи дека фестивалот претставувал симбол и за Скопје и за Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања