Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Боки 13: Антониа е врвен вокал, но на Евровизија нема да биде доволно забележана

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryhp9fvtf220181HNDXzr

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, ја оцени Антониа Гиговска како врвен вокал, но смета дека доброто пеење само по себе не е доволно за успех на Евровизија.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ беше отворено прашањето дали Боки 13 и Гиговска би можеле да бидат главни противкандидати за македонски претставник.

Јовановски рече дека првпат слуша за такво спротивставување и дека нема информација оти веќе се подготвува официјален избор во кој двајцата би учествувале.

„Јас немам таква информација дека можам да бидам во ринг со Антониа Гиговска“, рече Боки 13.

Тој истовремено не го оспори нејзиниот вокален квалитет.

„Антониа Гиговска е врвен вокал, тоа е реалноста“, изјави Јовановски.

Сепак, неговиот став е дека за евровизиски успех е потребен целосен сценски проект што ќе биде забележан од публиката.

„Ако ја пратите Антониа, таа ќе отпее добро, никој нема да ја види и ќе се врати дома. Ако отидам јас, сметам дека со свој проект можам да ѝ донесам победа на Македонија“, рече Боки 13.

Неговата забелешка беше изнесена во шеговит и провокативен дел од разговорот, но Јовановски остана на ставот дека себеси се смета за најсоодветен избор за целосен евровизиски настап.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања