Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Боки 13: Само јас можам да ѝ донесам победа на Македонија на Евровизија

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryim9hc0dv730baWYG46S

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, тврди дека веќе постои почетна замисла за негово учество на Евровизија и дека со соодветен проект би можел да ѝ донесе победа на Македонија.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ тој прво ги отфрли тврдењата дека веќе е во евровизиска трка со Антониа Гиговска, нагласувајќи дека првпат слуша за такво нешто.

„Јас немам таква информација дека можам да бидам во ринг со Антониа Гиговска“, рече Јовановски.

На прашањето кој би можел да му биде противник, Боки 13 одговори дека не гледа соодветна конкуренција доколку реши да се пријави.

„Не постои соодветен противник што ќе може да ми се спротивстави доколку јас решам да бидам дел од евровизиската сцена“, изјави тој.

Јовановски потоа откри дека веќе постои почетна замисла поврзана со Евровизија.

„Имаме некаква претензија, имаме некаков почетен проект што се однесува на Евровизија. Тоа што можам да го гарантирам е дека Македонија нема да има поадекватен претставник“, рече Боки 13.

Во можниот проект тој се гледа себеси како човек задолжен за сценскиот дел, додека Давор Арџиќ од „Браќа Арџик“ би бил задолжен за вокалната изведба.

„Јас да сум задолжен за шоуто, тој да е задолжен за совршената музичка изведба“, рече Јовановски.

Тој отиде и чекор понатаму, оценувајќи дека токму негов проект може да ја донесе првата македонска победа на Евровизија.

„Колку и да звучи ова нарцисоидно и претенциозно, сметам дека сум единствениот претставник што со свој проект може да ѝ донесе победа на Македонија на Евровизија“, изјави Боки 13.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања