Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

(Видео) Цукерберг: „Мобилните телефони повеќе нема да постојат и никој нема да ги користи, доаѓа нешто ново“

Медиасет.мк
пред 1 година
zukenber

Марк Цукерберг, директор на Мета, тврди дека мобилните телефони ќе бидат заменети со нов производ.

„Ќе биде како што се случи со компјутерите“, рече тој.

Не поминаа ни дваесет години откако паметните телефони станаа секојдневие, но и зависност.

Сепак, извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, предвидува дека луѓето наскоро ќе ги заменат со нова „играчка“ која ќе ја преземе нивната улога.

Тоа ќе се случи веќе во 30-тите години на овој век“, додаде тој и вели

„Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе остане во вашиот џеб поголемиот дел од времето. Мислам дека тоа ќе се случи во 30-тите години на овој век“, изјави тој пред нешто повеќе од еден месец во интервју за порталот „Верџ“.

Според него, новото технолошко чудо за масите ќе бидат таканаречените паметни очила.

Мета (која не е единствена) развива паметни очила кои ќе можат да фотографираат, снимаат, пуштаат музика и видеа, примаат и отвораат е-пошта и пораки, преведуваат во реално време она што го гледаме, прикажуваат маршрути и насоки до саканите локации во видното поле на корисникот прикажуваат зголемена и виртуелна реалност, даваат информации за објектите што ги набљудуваме, мерат пулс, крвен притисок... и, секако, ќе бидат поврзани со вештачка интелигенција, што дополнително ќе ги прошири можностите на нивната примена.

Ако мислите дека сето ова бара вселенска кацига или обемни очила за виртуелна реалност, се лажете. Според најавите на Цукерберг, ова ќе бидат навидум сосема обични очила, слични на очилата за сонце.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc0ala5nivlsj4ibdTZd

Што е 5G мрежа и дали навистина вреди да ја вклучите на телефонот?

Технологија | пред 9 часа

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 12 часа

media-libraryqeln9amg07f60YnuQQB

Без најава нема пристап: Reddit воведува голема промена за корисниците

Технологија | пред 12 часа

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања