Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Илинден со македонски концерт во Охрид: Три града се домаќини на најголемите музички настани годинава

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryt30cfrcnv1m3b0vAL4N

Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“ најави дека концертот на Слаткаристика во Охрид на 2 Август има амбиција да прерасне во традиционален музички настан посветен на македонската музика.

„Кога седнавме со Слаткар и разговаравме дваесет години да биде во срцето на Македонија, во Охрид на најголемиот македонски празник, рековме дека ќе ги искористиме буквално сите наши адути со заеднички сили и ќе успееме тоа да биде спектакл на којшто и публиката и артистите ќе бидат презадоволни и ќе стане една традиција на втори август во Охрид да се случуваат само македонски концерти“, изјави Стефановски.

Тој посочи дека покрај концертот на Слаткаристика, „Прагма продукција“ организира и низа други големи музички настани.

„Покрај Слаткар, морам да напоменам дека имаме концерти на Дупер во Битола, во Хераклеја и во Охрид. Имаме концерти на Симон Трпчески во Битола и во Охрид. Имаме концерт на Некст Тајм во арената „Борис Трајковски“ на 27 ноември, имаме концерт на 17 октомври на Калиопи во арената „Борис Трајковски““, рече Стефановски.

Тој додаде дека продукцијата и годинава продолжува со вложувања во домашната музичка сцена.

„Од минатата година и оваа година продолжуваме да ја билдаме музиката на највисоко можно ниво. Минатиот пат кажав дека прво треба да си го гледаме своето, па после други“, порача Стефановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 12 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 13 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања