(Видео) Слаткар со моќна порака од сцената на Макфест: „Ако сретнете човек што пелтечи, сослушајте го, не го прекинувајте“
Раперот Марко Маринковиќ – Слаткар, на 41. издание на фестивалот „Макфест“, испрати силна порака за разбирање, трпеливост и поддршка на луѓето кои имаат проблем со говорот.Наместо да се претстави со песна, Слаткар од големата фестивалска сцена одлучи да зборува за сопственото искуство со пелтечењето и за тоа колку е важно луѓето да бидат сослушани, без прекинување и осудување.„Оваа вечер не сум овде за да пеам, тука сум само да ги потсетам сите оние што имаат проблем со говорот дека не се сами“,
Сцена | пред 2 седмици