Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Искрено признание од Марко Пејчиновски: Целата моја сила доаѓа од вербата во Бога, од секоја битка ќе излезам како подобар човек

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library18m6v1edcqs19MkGta8

Марко Пејчиноски вели дека тешките здравствени и семејни моменти низ кои поминал не ги гледа како проблеми, туку како искуства што го направиле посилен и подобар човек.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ тој рече дека неговата смиреност и истрајност најмногу произлегуваат од вербата во Бога.

„Најпрво е мојата верба. Сè доаѓа од вербата во Бога, од мојата вера, а потоа е максималниот труд во сè што се прави. Ако е по Божја волја, знам дека ќе успеам. Знам дека ќе дадам сè од своја страна, но ако е во неговата волја, знам дека ќе успеам. Тоа е начинот да се отстрани стресот, затоа што на крајот сè ќе биде во ред“, рече Пејчиноски.

Тој нагласи дека, освен здравствените состојби, повеќето проблеми во животот се минливи.

„Ситуациите што ми се случиле не ги гледам како проблеми, бидејќи сум пораснал и сум научил нешто од нив. Ме направиле подобар човек и едноставно немам причина да ги нарекувам проблеми“, изјави тој.

Пејчиноски рече дека најголемата поддршка во најтешките моменти ја добил од своето семејство.

„Најголемата поддршка и најголемата помош ми биле, на прво место, татко ми, а потоа брат ми. Тие секогаш ќе бидат мојата најголема поддршка, најголема инспирација и херои во мојот живот“, рече Пејчиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања