Мачето Мими бара нов дом, а од Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје упатуваат апел до сите љубители на животни да ѝ дадат шанса за топол и безбеден дом.
Од Клиниката велат дека грижата за животните и дружењето со миленици можат да придонесат за намалување на стресот и подобрување на емоционалната благосостојба. Мими неодамна се појавила во Клиниката, каде што брзо се привикнала и ги освоила присутните со својата нежност и приврзаност.
Таа има стекнати хигиенски навики, постојано преде и е навикната на домашни услови. Прочистена е од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирана и вакцинирана, па е подготвена за вдомување.
Сите заинтересирани што сакаат да ѝ овозможат нов дом можат да ја контактираат Клиниката преку порака.