Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Од каде му се парите на Боки 13 за чанти и алишта вредни илјадници евра?

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library58bcvlrqhtnedZFyCkX

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вели дека парите со кои располага ги заработува преку својата продукција, поткастот, настапите и други договори што ги склучува.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ тој директно одговори на прашањето што, како што рече, постојано се поставува во јавноста – од каде му се парите за скапата облека и чанти.

„Јас сум сега сопственик на ‘Б13 продукција’, каде што се емитува мојот поткаст. Фала му на Бога, добро знам да ги наплатам сите свои проекти“, рече Јовановски.

Тој тврди дека неговите приходи се резултат на голем број договори и на вложувањето во сопствените проекти.

„Дај Боже сите, со толку труд и работа колку што вложувам јас во својата работа, да заработуваат и толку скапо да наплаќаат. Јас сум скап артист, не сум евтин, но вложувам“, изјави Боки 13.

Според него, минатата година потпишал договори со високи надоместоци, меѓу кои и договор за учество во музичкото натпреварување „Хајп ѕвезди“.

„Заработувам. Во изминатата година навистина имам големи договори што сум ги потпишал и сето тоа е исплатено преку ‘Б13 продукција’ во легален тек“, рече Јовановски.

Тој додаде дека, покрај јавните настапи и поткастот, работи и на други проекти. Во емисијата објави дека станал извршен продуцент на филм и серија за српската пејачка Лепа Лукиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања