Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Пејчиновски најави нов подвиг: Охрид и Македонија ќе се слушнат низ целиот свет

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryo57fhsec39vkdAmpiZm

Марко Пејчиновски најави дека се обидува да му се врати на пливањето и дека, доколку закрепнувањето тече според планот, следната година би можел да го изведе најголемиот подвиг во својата досегашна кариера.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, Пејчиновски нагласи дека по операцијата на рамото не може да даде цврсто ветување, но дека ќе направи сè што е во негова моќ за повторно да заплива.

„Ќе се обидам и ќе дадам сè од себе. Ако успеам во мојот обид, најверојатно би ме виделе следната година, но не гарантирам ништо. Тоа би бил најголемиот подвиг во мојот живот“, рече Пејчиновски.

Тој откри дека веќе размислува и за завршување на својата пливачка кариера, но пред тоа сака да изведе уште еден или два големи подвизи.

„Би бил еден од последните подвизи, бидејќи имам уште еден или два во мојата кариера. Веќе го гледам крајот на кариерата, но имам уште еден до два големи подвизи“, изјави тој.

Пејчиноски не откри што точно планира, но рече дека замислениот потфат би предизвикал големо меѓународно внимание.

„Се надевам дека ќе можам да се вратам, бидејќи пливањето за мене е како втор дом. Ако успеам, подвигот ќе биде толку голем што мислам дека името на Охрид, Македонија и Охридското Езеро ќе се слушне низ целиот свет“, рече Пејчиноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања