Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Совет од „Некст тајм“ до Антониа Гиговска: Не ги форсирај работите

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryaofg7urheb8s6SGugVv

Антониа Гиговска не треба по секоја цена да се обидува да стигне до Евровизија, туку треба да почека вистински проект и соодветни услови, порачаа Стефан и Мартин Филиповски од „Некст тајм“.

Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, браќата се потсетија и на сопственото евровизиско искуство од 2009 година, кога ја претставуваа Македонија со песната „Нешто што ќе остане“.

Еден од браќата откри дека за ова прашање разговарал со Гиговска на роденден кај нивни заеднички пријател.

„Ѝ кажав дека можеби не треба да ги форсира работите. Евровизија треба неа да ја побара, не таа по секоја цена да оди таму. Ние, како млади момчиња, отидовме по секоја цена“, беше кажано во разговорот.

Членовите на „Некст тајм“ посочија дека нивното искуство не било лесно и дека евровизискиот претставник мора да има вистинска поддршка.

„Стефан се врати со трауми од патувањето. Мислам дека на секој што ќе отиде треба да му се даде вистинска можност, да избере добар тим и да има одврзани раце“, порачаа од „Некст тајм“.

Прашани дали би го поддржале Боки 13 како македонски претставник, тие во шеговит тон одговорија дека би го испратиле, а потоа додадоа дека неговите нови песни и видеозаписи се добро изработени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања