Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Станишиќ за Гиговска: По Тоше, таа може достојно да нè претставува на Евровизија

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryiphddgqg9emn5R0k07T

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, не се гледа себеси како македонски претставник на Евровизија и смета дека Антониа Гиговска е посоодветен избор за големата европска сцена.

„Не е работата во тоа дека сум скромен, туку едноставно не сум тип што треба да ја претставува Македонија на Евровизија. Не се гледам таму“, рече Станишиќ во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“.

Тој потсети дека ја познава Гиговска уште од нејзините почетоци и дека биле заедно на аудиција кога таа била многу млада. Според него, зад нејзиниот успех стојат долгогодишна работа, големи вложувања и поддршката од семејството.

„Антониа е девојче што го паметам како мало, кога се пријави на натпревар. Бевме заедно на аудиција. Таа се труди уште од мала и многу вложува во себе“, рече Станишиќ.

Тој јавно ѝ даде поддршка да ја претставува Македонија на Евровизија.

„Таа е девојка што се труди, вложува и навистина, по Тоше, е некој што би можел да нè претставува на Евровизија и кој е доследен“, изјави Станишиќ.

За време на разговорот тој посочи дека и семејството на Гиговска одиграло значајна улога во нејзината кариера, на што таа одговори дека без нивната поддршка ништо од постигнатото немало да биде исто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања