Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) „Весне го заборавија, никој не го пушта“, Весна се расплаче за Тоше по зборовите на родителите

Медиасет.мк
пред 1 година
vesna-tose-51

Актерката и режисерка, Весна Петрушевска, блиска пријателка на Тоше, низ солзи сподели детали од средбите со семејството Проески. Таа посочи дека многу и е драго што се видела со Никола, таткото на Тоше, пред тој да почине. Рече дека родителите жалеле што песните на нашата музичка ѕвезда, кој е музичка икона ширум Балканот и светот, не се емитуваат на радијата и телевизиите.

„Многу ми е драго што го видов Никола неколку месеци пред да почине. Тој беше болен од рак, па бидна подобар, па се држеше, крепеше. Мајка му ме послужи со неговата омилена гибаница, затоа што беше тоа време на Божиќ и ми дава шоља јогурт со ликот на Тоше... Не можев да се напијам“, за првпат раскажа Петрушевска во „Претрес со Ландов“.

До неа, седел таткото на Тоше.

„Ми вели: 'Едвај чекам да си одам од овде', јас му велам: 'де бе чичко Никола, има време, не зезај сега, ти се избори со милион други работи', а мајка му вели:'Не го пушта оној горе, не го пушта, го држи него, ме држи мене.. Што ќе ни е нас живот.. Сега од оваа година почнавме да го слушаме (на радија, ТВ), Весне го заборавија, никој не го пушта'.. И тоа е точно. Ретко кога ќе го слушнеш, не можеш да го видиш на телевизија“, додаде Петрушевска.

Таа рече: „Јас го немам прежалено...“.

Цел разговор:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 3 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања