Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Зошто поскапеа настапите на Антониа Гиговска?

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarymj4qhv19b89mfSrR3Lr

Антониа Гиговска отворено проговори за вложувањата во својата музика, цената на настапите и односот на организаторите кон македонските изведувачи. Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ таа рече дека албумот и неговата промоција ги финансирала со пари заработени од сопствените настапи.

„Вложивме многу труд, љубов и пари, навистина. Искрено, тоа беа мои пари, вложени од моите настапи“, рече Гиговска.

Таа објасни дека 2024 и 2025 година биле успешни и продуктивни за неа и дека имала голем број настапи. Поради вложувањата во кариерата, како што рече, била принудена да ја зголеми својата цена.

„Морам да бидам искрена дека морав да ја зголемам цената, затоа што сметам дека секој артист што вложува во себе мора да ја зголеми цената и едноставно да се вреднува себеси и тоа што го прави“, изјави Гиговска.

Таа смета дека цената можеби е една од причините поради кои поретко настапува во домашните угостителски објекти, но забележа дека истите организатори немаат таков проблем кога ангажираат изведувачи од Србија.

„Мислам дека можеби е проблем цената, меѓутоа за Србите не е проблем. Ние си ги сакаме Србите. Реално, мене ми е многу криво“, рече Гиговска.

Во разговорот беше посочено дека јавноста најчесто ја гледа само конечната цена на настапот, но не и трошоците за музичарите, продукцијата и другите луѓе што учествуваат во подготовката. Гиговска се согласи дека ретко кој ја гледа целосната финансиска слика зад еден настап.

„Апсолутно, никој не ја гледа големата слика. Мислат дека кога ќе се каже одредена цена, целата сума оди кај Антониа, а всушност не е така“, рече таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања