Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Зоки создаваше ѕвезди кои не можеле да замислат да ги има на социјална мрежа, а камо ли на медиуми!“, напиша Јанески

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2024-11-01-at-11.08.53

Македонскиот новинар Огнен Јанески, се прости со Зоран Василевски-Фаци, кој почина по долга борба со ракот.

„Зоки беше еден исклучително специфичен пример во македонското новинарство за естрадата и забавата. Особено зашто долги години создаваше ѕвезди и од тие кои никогаш не би можеле да замислат да ги има и на објава на социјална мрежа, па камо ли на медиуми. Можевме да се согласуваме со Зоки - или воопшто да не го поддржуваме во многу од неговите потфати и кариерни дострели, но, фактот дека човекот придонесе многу за одржувањето на естрадата кај нас преку медиумски пристапи, па макар држејќи ја и на стаклени нозе, е неспорно, и токму поради таквата креативност тој и ќе ѝ недостасува на оваа земја, од поглед на шоубизнисот и новинарството, воопшто.

Приватно, Зоки едноставно, постојано беше оптимистичен и насмеан, дури и кога го туркаа до работ на општествените случувања. Не сме се согласувале секогаш, сме се препирале за некои нешта, но, тоа беше за позитивно ценење на комуникација, зашто така се развиваат креативните нешта.

Почивај во мир, Зоки. Допрва ќе недостасува твојата умешност на естрадата и во шоубизнисот“, напиша Јанески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6os71engqhv552aKRQA

(Видео) Американецот Јустус Рид се соочи со голем проблем: Куќата која ја купи за 25.000 евра, мораше да ја урне

Вирално | пред 1 час

media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM

Меклмор одржа концерт пред 20.000 луѓе во Париз во рамките на турнејата „Слободна Палестина“

Сцена | пред 12 часа

media-librarypen7q7abs0951X7nv68

Над 30.000 долари за изгледот на холивудска ѕвезда: Што забележале хирурзите кај Џенифер Лоренс?

Сцена | пред 13 часа

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања