Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Вирално

200 години бесплатен чипс за оној што ќе прифати да биде погребан во нивна кутија – „Принглс“ со необична награда

Медиасет.мк
пред 1 час
media-libraryhk2jdaonq72idlPKLLc
unsplash

Компанијата „Принглс“ организираше необична наградна игра во САД, во која учесниците можеа да освојат специјално изработена погребна урна во форма на препознатливата кутија за чипс, како и парична награда од 28.080 долари, претставена како вредност на 200-годишна залиха од производот.

За учество, полнолетните жители на САД требало да потпишат симболичен тестамент наречен „Will and Taste-ament“, со кој изразуваат желба нивната пепел по смртта да биде сместена во урна во форма на кутија „Принглс“. Сепак, документот нема правна сила и победникот не е обврзан да ја исполни оваа желба.

Паричната награда е пресметана врз основа на 52 кутии чипс годишно во период од 200 години, односно вкупно 10.400 кутии. Наместо толкаво количество чипс, победникот ќе добие 28.080 долари и специјално изработената урна.

Идејата за кампањата потекнува од вистинска приказна за Фредрик Баур, дизајнерот на препознатливата цилиндрична амбалажа на „Принглс“. Тој посакал по смртта дел од неговата пепел да биде ставен во една од кутиите што ги создал. Неговото семејство ја исполнило желбата во 2008 година.

Наградната игра започна на 13 октомври, а пријавувањето заврши на 22 октомври 2026 година. Победникот се очекува да биде известен до крајот на месецот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu0sl1pg7n87u8U43EzI

Кога коалите нема да најдат партнер, се лутат и се враќаат на спиење

Вирално | пред 4 часа

horoskop1

Хороскоп за понеделник: Лавовите ги очекуваат трошоци и порака од минатото

Вирално | пред 17 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Volkswagen планира да укине уште 12.000 работни места во Германија

Вирално | пред 22 часа

media-libraryq9lk6fnrq28eebrCdho

Шест причини зошто љубовта по 40-тата година е најубава и најстабилна

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања