Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Не можам јас да се казнувам себеси за глупостите кои сум ги направил во минатото…

Не можам јас да зборувам дека вчера било подобро или дека утре ќе биде подобро, затоа што тоа никој не може ниту да го провери, ниту да го докаже.

Не можам јас да верувам дека можам да ги поправам своите грешки од минатото, затоа сѐ она што поминало – завршило и сега можам само да извлечам лекција од сето тоа.

Не можам јас да се надевам на подобра иднина, затоа што надеж без конкретна подготвеност да се промени нешто, нема никаков ефект.

Не можам јас да мислам дека можам да го променам својот став кон минатото, затоа што тоа е такво какво што е, а од мене зависи каков став ќе имам кон иднината.

Не можам јас да бегам во некое идно замислено време секогаш кога ќе паднам во криза, време во кое ќе живеам подобро отколку што сега живеам.

Не можам јас да ги гледам иднината и минатото како некакви важни животни времиња, затоа што тие не можат да бидат такви, затоа што тие всушност и не постојат.

Не можам јас да се казнувам себеси за глупостите кои сум ги направил во минатото, затоа што животот секако самиот ги наплаќа сите грешки кои еднаш си ги направил.

Не можам јас да имам гаранција за иднината, затоа што сѐ што можам да знам за неа е дека таа е еден голем подарок и прашање е дали воопшто и ќе ја имам.

Јас можам само да направам сѐ што можам баш сега, сега да го дадам најдоброто од мене, сега да го живеам животот онаков каков што е, а она што било или ќе биде да го препуштам на некој друг.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: