Медиасет.мк

#ТРЕНД

Зои Блаж се сврши со ракометарот Тадеј Матијашиќ

Поранешната пејачка Зорица Блажева, позната како Зои Блаж, се сврши со некогашниот ракометар на „Металург“, Тадеј Матијашиќ.

Словенецот ја запроси во Германија, каде во моментов настапува за тимот на Сул. Поради короната, тие живееја одвоено, а пред неколку месеци таа му се придружи во Германија. Зои им се пофали на фановите и кажа дека Тадеј направил да се чувствува најсреќна на свет.

„Кажав да на човекот кој што ме прави да се чуствувам посебна, кажав да на среќата, кажав да на љубовта, кажав да на еден нов живот во кој ќе имам само убавини. Те сакам најмногу на целиот свет“, напиша пејачката.

Зои Блаж по музичката кариера, реши да се посвети на шминкерството.

На почеток
error: