Српските медиуми веќе на големо шпекулираат дека пејачот Саша Ковачевиќ наскоро ќе стане татко. Неговата девојка Зорана Tасовац, посетила приватна клиника, каде ѝ била направена целосна анализа.
„Зорана на докторите им се пожалила на утринска мачнина, па дбила налог да ги направи сите потребни анализи. Меѓу останатото потребно е да провери дека не е бремена со тест на крвта, што е одлично, затоа што преку истиот многу лесно може да се открие дали сте бремени“, изјавил извор од клиниката која ја посетила Зорана.
Дека на Саша му одговара улогата на татко, потврдиле многумина, пред сè поради односот кој го има тој кон ќерката на Зорана, Искра, која ја обожава како да е негово родено дете.
„Се однесувам како вистински татко кон неа, во секоја смисла. Не ја носам во шопинг, за тоа е заслужна мама, но другите работи не ми се тешки да ги извршам“, изјавил Саша во едно од своите интервјуа.
Тој неодамна и самиот призна дека е подготвен за улогата на татко. Сите во семејството искрено се надеваат дека резултатите од тестот ќе бидат позитивни и дека на сите ќе им ја исполни желбата да добие дете.
„Од одамна сум подготвен да станам татко и ќе бидам најсреќниот кога тоа ќе се случи“, изјавил Саша.