Медиасет.мк

#ТРЕНД

Тејлор Свифт го собори рекордот на „Битлси“ со трет албум број 1 за помалку од една година


Продуцентката на „Бриџертон“, Шонда Рајмс, ги отфрли шпекулациите објавени од некои медиуми дека помалата улога на Реже во втората сезона е причината што се откажал од серијата.

Таа тврди дека склучила договор со британскиот актер само за една сезона и додава дека не очекувала „толку голема експлозија“ од гледачите.

Веста дека актерот (31) нема да се врати како војводата од Хестингс во втората сезона предизвика бес, скршени срца и шпекулации меѓу фановите. А продуцентката откри дека била  изненадена од огорченоста на фановите и дека не очекувала таква „експлозија“ од гледачите.

„Бев навистина шокирана од реакцијата, затоа што обично тоа се случува кога ќе убијам некој лик кој постои веќе некое време. Ние не го убивме, тој е сè уште жив!“

„Огромната реакција од фановите значи дека добро сум ја завршила својата работа, што значи дека сум одбрала актер за кој публиката смета дека е многу привлечен и станува неверојатно приврзана за него.“

Извор претходно потврди за „Пејџ сикс“ дека одлуката на британскиот актер да се откаже од „Бриџертон“ е предизвикана од тензии со Шонда бидејќи неговиот лик нема да биде во фокусот на втората сезона.

„Реже не се враќа во Бриџертон поради креативни разлики со Шонда Рајмс и нејзиниот тим“, објави порталот цитирајќи неименуван извор.

„Тој не е задоволен од она што беше планирано за неговиот лик за втората сезона, што ќе го задржеше како играч, но не и во фокусот на серијата“.

Реже ги освои гледачите како бунтовен срцекршач Сајмон Басет, војвода од Хестингс, во првата сезона на серијата, која ја следеше неговата романса со лејди Дафне Бриџертон (Фиби Диневор). Војводата стана инстант sвезда и предизвика глобални длабоки воздишки кај женската публика.

 

„Нетфликс“ соопшти дека драмата од риџенси ерата ја гледале 82 милиони домаќинства во првиот месец откако почна да се прикажува, што ја прави најпопуларна оригинална серија на стриминг-гигантот.



На почеток
error: