Медиасет.мк

#ТРЕНД

Кралицата се врати на работа


Сер Том Џонс смета дека созреал на рани години благодарение на сопругата и детето . „Станав маж многу бргу, на 16 години,“ вели тој.

80-годишниот пејач своето прво дете, синот Марк, го доби пред 64 години, а сега тој откри дека татковството му го сменило животот и го охрабрило да работи двојно повеќе на својата музика.

Том, чија што сопруга Линда почина во 2016 година, сподели: „Татковството ми даде повеќе сила. Затоа што кога имаш жена и дете, многу брзо стануваш маж. Требаше да наполнам 17 години, а таа имаше само 16 години кога се роди Марк. И одеднаш ми се чинеше како да сум еден метар повисок, тоа е чудна работа.“

Линда беше покрај Том во текот на неговите рани денови во музичкиот свет и таа правеше сè што можеше за да го поддржи.

„Сите тие работи, таа ги проживеа со мене,“ рече тој во интервју за „Индипендент“.

„Таа знаеше што сакам да направам, и беше 100 проценти зад мене. Ми велеше: Што и да треба да направам за да ти помогнам да стигнеш таму каде што сакаш да одиш или каде сакаме да одиме, јас ќе го сторам тоа, ќе го сториме тоа заедно.

Новиот албум на Том, Surrounded by Time, претставува важен момент во неговата кариера, бидејќи тоа е првпат Линда – која почина од рак – да не е покрај него за да го советува.

Велшкиот баритон признава дека му недостасува нејзиниот придонес.

Тоа е особено личен албум – првиот што го сними во Велс, и првиот по смртта на неговата сакана сопруга.

Тигарот од Велс, како што го нарекуваа на врвот на неговата популарност, од најрани години публиката ја освојуваше со својот моќен глас и харизмата што ја поседува, а која не бледнее ниту денес.



На почеток
error: