Постојат 25 правила на судбината. Не е познато кој ги измислил. Но, оние кои се запознале со нив, воглавно се сложуваат со нив и се обидуваат да ги следат. Тие всушност и не се некои правила, туку психотерапевстска техника.
Тие правила треба да се земат сериозно и промислено, т.е треба да ги читаме секој ден. Ако еднаш се прочитаат и заборават, нема да постои никаква корист од нив. Најдобро е да ги закачите во соба и секогаш да ви бидат пред очи.
Обидете се и брзо ќе забележите дека вашиот живот станал полесен.
25 правила на судбината:
- Почетокот на сѐ е празнина, но таа мора да биде пополнета.
- За да ги постигнете тоа што го сакате, не е доволна самата желба – потребно е да донесете одлука. Само во тој случај ќе се појават и можностите.
- За да го промените својот пат, прво морате да застанете, па дури тогаш да почнете да се движите во друг правец.
- Во животот ќе платите за сѐ. Но, најскапа е пасивноста. Понекогаш тој факт станува јасен дури на крајот на животот.
- Ако човек цело време се плаши дека ќе направи нешто погрешно, тој човек несвесно ја прави најголемата грешка во животот.
- Сличното се привлекува со сличното. Во животот ништо не е случајно. Ние не ги привлекуваме луѓето кои би сакале да ги видиме покрај себе, туку оние кои ни се слични.
- Ако видите дека поставената цел е неостварлива, сосредоточете се на други цели. Кога ќе ги достигнете, обидете се да се вратите на првата цел.
- Ако ништо не барате од животот, тој ништо нема да ви даде. Ако барате нешто недефинирано и тоа што ќе го добиете ќе биде недефинирано. Секогаш јасно артикулирајте ги своите желби.
- Во животот не постојат апсолутни уживања. Тие секогаш се ограничени со нашата перцепција на светот.
- Тежнеете кон промени? Тогаш заборавете на пасивноста, затоа што благодарејќи на неа ги пропуштаме можностите кои ги нуди судбината. Одредете го својот пат и одредиште, но имајте на ум дека за да дојдете до него, морате да се поместите.
- Животот секогаш нѐ присилува да ги решиме задачите кои ги избегнуваме. Невозможно е да се скриете од нив, затоа што ако не решиме некој проблем во овој момент, ќе мораме да го решиме во некој понатамошен период во животот, но ќе мораме повеќе да платиме за тоа.
- Секогаш имаме избор во животот. Во светот постојат многу можности, но кога ќе добиеме нешто, секогаш губиме нешто друго. Загубите се неизбежни, но и тие може да ги гледаме како добивка.
- Новото секогаш подразбира уништување на старото. Не само што мораме да го уништиме, туку и да направиме место. Тоа подразбира труд, време и знаење, затоа што мораме да знаеме што и како градиме. Ако немаме такво знаење, тогаш подобро да не го уништуваме. Инаку би можеле да изградиме нешто страшно.
- Луѓето се обидуваат да си го променат животот, но старите навики ги спречуваат во тоа. Тие цело време се обидуваат да се вратат на вообичаеното делување. Затоа промените секогаш се случуваат полека и бараат умствени напори.
- Нам нѐ привлекува она што го сакаме, она што го чекаме и она од коешто највеќе се плашиме, затоа што нашата свест се фокусира на тоа. Судбината никогаш не дава премногу. Таа е великодушна, но само во границата на нашите желби. Проширете ги границите и ќе добиете повеќе.
- Целиот живот е полн со спротивности. Некој ни се допаѓа, некого презираме. Со некои луѓе сме пријатели, а со други луѓе се натпреваруваме, добиваме и губиме, се сретнуваме и се разделуваме. Човекот тежнее кон стабилност и истовремено чувствува незадоволство со нескладниот тек на животот. Невозможно е да разбереме нешто незнаејќи ја неговата спротивности.
- Луѓето тежнеат кон хармонија, но за да ја дојдеме до хармонија, мораме да ја имаме во себе. Тоа значи прифаќање на своите предности и недостатоци, прифаќање на своите несовршености и внатрешен мир. Потребно е да делуваме и чувствата да делуваат заеднички.
- Мораме да сфатиме дека светот не е создаден само за задоволство. Светот многу често не ги задоволува нашите очекувања и визии за него, но без оглед на тоа, секогаш мораме да се трудиме да правиме добро. Оној кој не е способен за тоа, никогаш нема да биде состојба да го цени доброто кое другите му го направиле.
- Човек се нервира од карактеристиките на другите луѓе кои и тој самиот ги има во себе. Другите луѓе можат да бидат наше огледало, само треба внимателно да гледаме во нив и тогаш подобро ќе се запознаеме самите себе.
- Ако те обземени со силна желба да поседувате нешто, тоа значи дека не ги препознавате своите пособности и доблести. Погледнете внимателно во себе, можеби имате многу повеќе од она што сте сакале.
- Многу е тешко да се борите со негативните мисли. Тие нѐ присилуваат да трпиме, патиме и се грижиме. Од тој негативен збир, одберете една мисла и загушете ја. Тогаш ќе го разбиете штетниот ланец и тие нема толку да ви пречат.
- Прифатете се себеси такви какви што сте. Тогаш сите тешкотии, немир и комплекси ќе исчезнат, а вие можете да почнете да го живеете вашиот живот со полни гради.
- Светот околу нас е апсолутно нетруален. Ние самите го правиме добар или лош. Обидете се позитивно да ја перцепирате реалноста, тогаш ќе видите дека во неа има среќа и радост.
- Никогаш не го земајте мислењето на другите како конечна вистина. Невозможно е да бидеме добри за сите. Секогаш ќе има луѓе кои ќе нѐ клеветат. Не дозволувајте да ве надвладеат.
- Сите доаѓаме и си одиме од овој свет. Размислувајте за смислата на постоењето. Тоа е света задача на човечкиот живот, иако можеби немаме апсолутен одговор.
Едноставни правила, зар не? Сепак, тие многу поволно влијаат на нашиот поглед кон светот. Не е тешко да ги следиме, а нивната корист е непроценлива.