Медиасет.мк

#ТРЕНД

Адел со нов албум во септември

Британската пејачка со моќен глас планира својот камбек да го направи оваа есен со целосно нов албум, според видео-снимката објавена на социјалните мрежи од свадба на која таа пеела изминатиот викенд.

Речиси пет години по објавувањето на нејзиниот последен опус 25, во кој беше и тажната Hello, Адел планира годинава да се врати во центарот на вниманието, тврди магазинот „Варајати“.

Пејачката на When We Were Young изјавила дека очекува нејзиниот албум да излезе во септември. Изјавата ја дала после настап на венчавка на близок пријател во Италија.

Таму ја пеела Rolling in the Deep.

Каде што има чад, има и оган – а нејзиниот менаџер, наводно, изјавил дека е планиран нов албум за 2020 година.

Според NME.com, Адел потврдила дека снимањето е во тек.

Минатиот мај, на нејзиниот 31-ви роденден, Адел на шала наговести дека нејзиниот следен албум ќе биде „тапани и бас“ и ќе се вика „30“.

Пејачката со раскошен глас досега беше номинирана 18 пати за наградата „Греми“, а освои 15.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: