Медиасет.мк

#ЖИВОТ

(ВИДЕО) “Биди дама, велат тие”, снимка која мора да ја види секоја жена!

„Биди дама, велат“ е насловот на видеото кое стана вирално. Актерката Синтија Никсон ги кажува зборовите напишани од Камил Рејнвил, а во кои ќе се пронајде секоја жена.

Камил на совршен начин го опишува притисокот со кој се соочуваат жените, не само денес, туку отсекогаш.

„Биди дама велат. Здолништето ти е премногу кратко. Здолништето ти е премногу долго. Деколтето ти е предлабоко. Панталоните ти се премногу тесни. Не покажувај премногу кожа. Не ги покажувај бедрата. Не покажувај го задникот, не покажувај ги градите. Не покажувај ја половината.

Не покажувај го деколтето. Не покажувај ја долната облека. Не покажувај ги рамениците. Покриј се. Остави нешто на имагинацијата. Облекувај се скромно. Не биди заводничка. Мажите не можат да се контролираат. Мажите имаат потреби. Изгледаш како калуѓерка. Опушти се. Покажи малку кожа. Биди секси. Биди жешка.

Немој да бидеш премногу провокативна. Си го бараш. Носи црно. Носи високи потпетици. Премногу си дотерана. Не си воопшто дотерана. Не носи ги тие тренерки, изгледаш запуштено.

Биди дама, велат… Немој да бидеш дебела, немој да бидеш слаба, здебели се, ослаби, не јади толку многу, нарачај салата, не јади јаглени хидрати, не јади десерт, биди на диета. Мораш да ослабеш. Да влезеш во тој фустан.

Прескокни го десертот. Внимавај што јадеш. Јади целер. Џвакај мастика. Пиј многу вода. Мора да влезеш во тие фармерки. Господе, изгледаш како скелет. Зошто не јадеш нешто? Изгледаш болно. Мажите сакаат жени со „месо“. Биди малечка. Биди лесна. Биди женствена. Биди величина 0. Биди дупла 0. Биди ништо! Биди помалку од ништо“ е само дел од текстот од видеото кое кружи по социјалните мрежи.

Потоа продолжува:

„Биди дама, велат. Отстрани ги влакната од телото. Избричи ги нозете. Избричи ги пазувите. Избричи ги препоните. Депилирај го лицето. Депилирај ги рацете. Искуби ги веѓите. Ослободи се од обетките. Избели го ова. Избели го она. Осветли ја кожата. Покриј ги лузините. Покриј ги стриите. Зголеми ги усните. Стави ботокс. Затегни го лицето. Вовлечи го стомакот. Подигни ги градите. Изгледај природно. Биди своја. Премногу се трудиш. Изгледаш претерано нападно. Мажите не сакаат девојки кои премногу се трудат.

Cynthia Nixon – Be a Lady They Said

Publication Girls. Girls. Girls. Magazine Directed by Paul McLean Words by Camille Rainville Narrated by Cynthia Nixon Produced by Claire Rothshein Post by M…

Биди дама, велат. Носи шминка. Стави пудра. Сокри го руменилото. Истакни ги јаболчниците. Нашминкај ги очите. Израмни ги трепките. Пополни ги веѓите. Продолжи ги трепките. Обој ги усните. Пудра, руменило, бронзер, хајлајтер. Косата ти е прекратка. Косата ти е предолга. Врвовите ти се испукани. Извлечи прамени. Бојадисај ја. Не во сино, тоа изгледа неприродно. Изгледај младо. Старото е грдо. Мажите не сакаат грдо.

Биди дама, велат. Чувај се. Биди чиста. Биди девица. Не зборувај за секс. Не флертувај. Не спиј наоколу. Сочувај го достоинството. Не спиј со премногу мажи. Не продавај се. Мажите не сакаат такви. Не биди внимателна. Не биди толку тесноградна. Смеј се повеќе. Угоди им на луѓето. Биди искусна. Биди сексапилна. Биди невина. Биди валкана. Биди кул девојка. Не биди како останатите девојки. Биди дама, велат. Не зборувај прегласно, не зборувај премногу. Не плаши се. Зошто си толку лоша? Не биди кучка. Немој толку да наредуваш. Не биди толку емотивна. Не плачи. Не викај. Не пцуј. Издржи болка. Не жали се. Здипли му ја облеката. Направи му вечера. Направи го среќен. Тоа е женска работа. Ќе бидеш добра жена еден ден.

Земи го неговото презиме. Ги зеде двете? Луда феминистко. Подари му деца. Не сакаш деца? Ќе сакаш еден ден. Ќе се предомислиш. Биди дама, велат. Не дозволувај да те силуваат. Не пиј премногу. Не излегувај доцна. Немој да се напиеш. Не насмевнувај им се на непознати. Не излегувај ноќе. Не верувај никому. Не вели ДА. Не вели НЕ. Само биди дама, велат.”

Не можете никогаш никому да удоволите. Затоа, бидете свои.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: