“ВИП на еден ден” и Здружението Надеж и натаму се борат за подостоинствени услови за живот на Македонка, жената која со својата мајка и син живееја во мизерија и очај.
Снеже Велков, авторка на емисијата “ВИП на еден ден”, заедно со својот тим веќе ја направија трансформацијата на Македонка, за барем на момент, се почуствува еднакво со останатите.
“Нов почеток за Македонка и нејзиното семејство. Се надеваме дека со сменетиот физички изглед Македонка многу полесно ќе дојде до постојано вработување а реновирањето на домот ќе биде одличен почеток за сосема нов старт!”, пишува во објавата.
Тимот на емисијата упати апел до општествено одговорните компании, доколку имаат потреба од работник, да ги контактираат, со цел вработување на Македонка, за таа да може без да има помош од другите, да се грижи за неа, синот, мајка си, куќата.
https://www.facebook.com/335922917141387/posts/646725729394436/?vh=e&d=n