Не само најпознат министер, туку веројатно и најпознат лик во Македонија во 2020 година е министерот за здравство Венко Филипче.
За жал пандемијата на коронавирусот направи хаос низ целиот свет. Речиси и не постои држава која остана имуна на овој тежок вирус. Почнувајќи од помоќните Италија, Шпанија, Кина, САД, Германија, па се до држави кои се помали како нашата. И покрај тоа што сме помали, сепак нашите здравствени работници секојдневно се трудат да помогнат, а голем дел од нив за жал во таа битка и самите се заразија со коронавирусот.
Првиот човек на здравството Венко Филипче речиси секојдневно одржува пресконференции на кои ја информира јавноста за најновите случувања во државата поврзани со вирусот. Под секое LIVE вклучување граѓаните можат да остават свој коментар. Па така на денешната пресконференција не изостанаа критиките, но и секако позитивните коментари на сметка на министерот.