Сопругата на загинатиот кошаркар Коби Брајант, Венеса, со семејна фотографија и емотивна порака го одбележа денот на кој требаа да слават 19 години во брак.
„Кралу мој, срце мое, мој најдобар пријател. Сè најдобро за нашата 19-годишница од бракот. Многу ми недостигаш. Би сакала да си овде и да ме држиш за рака. Те сакам“, напиша Венеса.
Легендарниот кошаркар загина во хеликоптерска несреќа во јануари заедно со неговата ќерка Џиана.
https://www.instagram.com/p/B_ITucyDzf2/?utm_source=ig_embed