Медиасет.мк

Медиасет

Северна Кореја и Русија: Лимузина, сервис за чај и „биста“ меѓу подароците што Путин и Ким ги разменија

Лимузина од руско производство, сет за чај и уметнички дела се меѓу подароците што ги разменија претседателите на Русија и Северна Кореја, Владимир Путин и Ким Џонг Ун.

Северна Кореја му приреди раскошно добредојде на Путин, што ја означи неговата прва посета на таа земја по речиси 25 години.

Лидерот Ким го пречека Путин со насмевка и прегратка, а главниот град Пјонгјанг со цвеќиња, балони и огромни плакати на двајцата претседатели истакнати на зградите.

Подоцна се одржа неформална средба со освежување и гала концерт.

Путин и Ким приватно разговарале околу два часа.

Рускиот претседател на својот севернокорејски колега му подари нова луксузна лимузина Аурус, јавија руските државни медиуми, повикувајќи се на помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Двајцата шефови на држави се повозеа со Аурос што го возеше Путин, но не се знае дали тоа е лимузината што Ким ја доби во оваа прилика.

Имено, Путин уште во февруари на Ким му подарил Аурус од руско производство – лимузина како онаа што ја користел рускиот претседател.

Испораката на ова возило во Северна Кореја ги прекрши санкциите на Обединетите нации (ОН).

Ким важи за голем љубител на автомобили и наводно има колекција на луксузни странски возила.

Не е познато кој модел на Аурус го добил на подарок.

Се вели дека Путин му подарил на Ким сет за чај и адмиралска кама.

Ушаков рече дека сервисот за чај бил „многу убав“, според руската државна новинска агенција Тас.

Помошникот на рускиот претседател рече и дека Путин добил и „многу убави подароци“, вклучувајќи уметнички дела, па дури и бисти, навестувајќи дека подарокот е „поврзан со ликот“ на претседателот.

Ушаков додал дека сите подароци се „прилично вешто“ направени, пренесе Тас.п

На почеток
error: