Медиасет.мк

Медиасет

Макрон во посета на Олимпиското село

Четири дена пред свеченото отворање на Олимписките игри (ОИ) на Сена, францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети Олимпиското село.

Олимпиското село е веќе добро снабдено со спортисти од целиот свет, додека организаторите ги вршат последните подготовки за свеченото отворање во петок навечер.

По речиси два месеци фокусиран на политичката ситуација, од европските до парламентарните избори кои ја потресоа Франција, Макрон од денеска повторно се посветува на спортот.

Макрон ќе ја посети француската делегација и ќе ги поддржи спортистите. Тој ќе биде придружуван од неколку членови на владата, министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин и министерката за спорт Амели Удеа-Кастера, кои сега се на технички мандат и се задолжени за „актуелните работи“.

Во олимпиското село, кое беше отворено минатата недела, веќе има околу 4.400 луѓе. Веќе пристигнаа дел од триесетте руски и белоруски спортисти кои ќе се натпреваруваат под неутрално знаме.
Свеченото отворање на ОИ ќе биде во петок навечер, а игрите ќе траат до 11 август.

На почеток
error: