Медиасет.мк

Медиасет

Голем пад на профитот: Кина во неволја

Кинеската групација Алибаба, позната пред сè по својата основна дејност на онлајн трговија, објави дека нејзиниот приход од април до јуни се зголемил за скромни четири отсто на годишно ниво на 243,24 милијарди кинески јуани, или 34 милијарди долари.

Додека нејзиниот профит падна за 29 отсто на 24,27 милијарди јуани.

Резултатот не ги исполни очекувањата на агенцијата LSEG, која предвиде приход од 249,05 милијарди јуани и профит од 26,91 милијарди јуани, пренесува CNBC.

Компанијата Алибаба соопшти дека падот на нето приходот првенствено се должи на намалувањето на приходите од работењето и девалвација на инвестициите.

Купувањето преку Интернет е намалено, што е загрижувачки знак за кинеското трошење, наведува американската медиумска компанија.
Кинеската државна администрација за девизи оваа недела објави дека странските инвеститори повлекле речиси 15 милијарди долари инвестиции од Кина во тримесечниот период меѓу април и јуни.

Како што се додава, вредноста на странските инвестиции во Кина во првите шест месеци од 2024 година паднала за околу пет милијарди долари.

Странските инвестиции во Кина достигнаа рекордни 344 милијарди долари во 2021 година, но постепено се намалуваат поради економското забавување и растечките геополитички тензии, наведува Блумберг.

На почеток
error: