Медиасет.мк

Медиасет

Китовите убијци повторно нападнале јахта кај Шпанија: Целото јато удрило во едрилица, патниците едвај се спасиле

Јато на китови убијци повторно нападна едрилица кај Шпанија. Инцидентот се случил во неделата во близина на брегот на северозападот на земјата, а во спасувачката акција тешко е повредена една жена.

Не е познато колку орки имало во јатото, но крајбрежната стража изјавила дека на едрилицата имало две лица и дека повикот за помош стигнал околу 16 часот. Тие наведуваат дека се работи за дел каде брегот е многу карпест, и дека во моментот на нападот морето било многу разбранувано.

Не е соопштен идентитетот на патниците на едрилицата која речиси била уништена од нападот на кит-убиец. Наведено е само дека се работи за белгиски државјани и дека бродот има финско знаме.

Официјални лица изјавија дека брод со шпанската поморска спасувачка служба пловел до нив со часови во неповолни временски услови, кои вклучувале бранови високи речиси два метри и ветрови до 50 километри на час. Додека била организирана операција на влечење за да му се овозможи на спасувачкиот брод полека да ја влече едрилицата до пристаништето Камарињас, жената на бродот сериозно ја повредила раката и била префрлена назад на копното. Мисијата за извлекување на едрилицата била завршена околу 21 часот и 30 минути.

Овој инцидент е само еден од серијата напади на китовите убијци на бродови во шпанските води и во регионот.

На почеток
error: