Медиасет.мк

Медиасет

Apple објави „Време за сјај“, знаеме кога ќе биде претставен iPhone 16

Американската компанија Apple го објави датумот на својот следен голем настан, каде се очекува претставувањето на најновиот модел iPhone 16, кој најверојатно ќе биде претставен за десет дена.

Тоа се очекува на специјалниот настан насловен „Време за сјај“ во понеделник, 9 септември, во 10 часот по PT во театарот Стив Џобс во Епл Парк и ќе биде емитуван на интернет, објави Си-Ен-Ен.

Се претпоставува дека вградената вештачка интелигенција ќе биде клучна карактеристика на најновиот iPhone.

Во јуни, Apple објави голем број генеративни функции за вештачка интелигенција за iPhone на својата годишна светска конференција за програмери.

Додека корисниците на iPhone 15 Pro Max најверојатно ќе можат да пристапат до барем некои од функциите на AI, претстојниот iPhone 16 се очекува да се фокусира на вештачката интелигенција.

На почеток
error: