Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Застрашувачки сцени од средба со огромна ајкула: На нуркачите им се случи неверојатна случка

Нуркачи од Австралија снимиле средба со ајкула која многумина оставила без здив.

Додека ловеле риба на брегот Сафир во Австралија, неколку нуркачи имале многу блиска средба со голема бела ајкула.

Застрашувачкиот момент кога ајкула долга четири метри им пријде на двајца нуркачи е снимен на камера.

За двајцата, средбата претставувала остварување на сонот: тие за локалните медиуми изјавија дека „отсекогаш сакале да видат голема бела ајкула одблизу“.

За среќа на нуркачите, ајкулата воопшто не реагирала на нив, што би било очекувано и мирно продолжила по својот пат.
„Знаев дека мораме да останеме смирени без нагли движења“, објасни еден од двајцата протагонисти на приказната за 9News.com.au – „но знаев и дека треба да излеземе од водата“.

„Додека пливавме назад кон бродот, тоа беа најдолгите две минути во мојот живот. Затоа што веќе не знаевме точно каде е големиот предатор“.

На почеток
error: