Анџелина и раперот Акала беа забележани како излегуваат од хотел во Венеција, Италија во средата за време на меѓународниот филмски фестивал во Венеција.
После осум години самотија и по бурниот развод од најубавиот маж на светот, Анџелина Џоли конечно покажа дека не е „од камен“ и дека и на неа и треба романтична љубов.
Анџелина и раперот Акала (40) беа забележани како излегуваат заедно од хотел во Венеција, Италија во средата за време на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција.
„In Touch“ тврди дека Џоли (49) изминатава година се гледала со двајца различни мажи. Едниот е британски музичар, писател и активист Акала, која ја придружуваше неколку пати во странство, вклучително и сега во Венеција, додека другата е композиторот од Бродвеј, Џастин Левин, кој работеше со неа на мјузиклот Outsiders во Њујорк.