Јаник Синер, италијанскиот тенисер го освои УС Опен со убедлива победа против Тејлор Фриц со 3:0 во сетови.
Без разлика на титулата на УС Опен, Синера го очекува период на неизвесност кој во голема мера може да го одреди понатамошниот тек на неговата кариера.
Да се вратиме за момент на 10 март 2024 година, кога Синер првпат беше позитивен на клостебол, супстанца која се третираше како допинг. Осум дена подоцна, Синер беше позитивен по втор пат. Следеа две суспензии – 4 април и 17 април, но и двете беа укинати наскоро – првата, поради првиот позитивен тест, траеше само еден ден, додека втората траеше седум дена.
Конечната одлука дојде по сослушувањето на 15 август, а беше објавено четири дена подоцна – на Синер му беше дозволено да продолжи да се натпреварува бидејќи „не бил позитивен на тестот поради невнимание или грешка“.
Од тој момент започна рокот од 21 ден за жалби до Судот за спортска арбитража.
Речиси веднаш по објавувањето на оваа информација, Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави дека „внимателно ќе го разгледа случајот“ и дека „го задржува правото на жалба“.
Времето минуваше, а од ВАДА немаше информација до 5 септември, кој беше ден пред истекот на рокот за жалба.
Италијанскиот портал „Fanpage.it“ од Неапол, инаку еден од најголемите медиуми од оваа земја, го објави одговорот што го доби од ВАДА на прашањето што се случува со случајот на Синер:
„Како што правиме со секој случај, внимателно ја испитуваме оваа пресуда и го задржуваме правото да поднесеме жалба до Судот за спортска арбитража, доколку е потребно.
На прв поглед премногу лежерно со оглед на сериозноста на ситуацијата. И тогаш 6 септември помина без никаква помпа – ниту ВАДА ниту Агенцијата за тениски интегритет (ITIA), која првично најави дека Синер нема да биде суспендиран, не објавија никакви најави.
Иако на почетокот чудно, набрзо стана јасно зошто нема информации.
Имено, рокот за жалби пред Судот за спортска арбитража истече на 6 септември, но – за сите освен за ВАДА.
Како што е наведено на сајтот на оваа антидопинг агенција, а во делот за жалби на пресудите кога се во прашање допинг спортистите, за нив важат посебни правила.
Имено, ВАДА има право на жалба на казната 21 ден по првичната одлука, или 21 ден од моментот кога е комплетирано досието и ја има целата документација на случајот во нејзина сопственост.
Конкретно, член 13.2.3.5 го наведува следново:
„Крајниот рок за поднесување жалба на WADA е подоцна од: