Медиасет.мк

Медиасет

17 години од трагичната сообраќајка во која загина Тоше Проески

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 17 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат маратонот во чест на Тоше.

Се очекува маратонците да пристигнат околу пладне во Крушево.

По повод 17-годишнината од смртта на Тоше, Скопскиот Брас Квинтет во соработка со Скопскиот Брас Фестивал, ќе одржи два концерта во Хрватска.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тоше објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

На почеток
error: