ЖРК Вардар објави дека со особено задоволство ја примиле веста дека нашата Инди е дел од “Куќата на славните” и додадоа: „Честитки од целиот црвено-црн тим до единствената Кастратовиќ
„Воведувањето во Куќата на славните ќе се одржи на галата на EHF Excellence Awards 2024 на 14 декември, во пресрет на финалето на ЕХФ ЕУРО 2024 за жени и пред повеќе од 500 гости поканети да присуствуваат на настанот. Меѓу лауреатите е и Индира Кастратовиќ кој зад себе големи играчки резултати по кои ја препознава целиот свет како дел од репрезентацијата на Македонија и на Кометал ЃП, со една титула европски првак, две финалиња, најдобра стрелец на СП“, објави ЖРК Вардар.
