Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Воздишки и емоции: Згрме „Заветна“ со армискиот оркестар и музичарите од вооружените сили на четири држави

Оркестарот на македонската Армија на воодушевување на преполната сала заедно со музичари од Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД донесе вистинско, според многумина, досега невидено уживање за публиката.

Концертот, кој се одржа под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, понуди разновиден репертоар од светски познати автори како Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, но и композиции од земјите на гостинските оркестри. Најголемата ерупција на воодушевување се случи со изведбите на воените оркестри во придружба на Андријана Јаневска и „Заветна“, „Учи ме мајко, карај ме“, како и на изведувачите од посилниот пол со „Налеј, налеј“ и македонски евергрини. Публиката беше воодушевена од фантастичниот репертоар.

Настанот го проследија бројни гости, меѓу кои и претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и многу други.

На почеток
error: