Здрава татковска фигура е клучна за развојот на секое момче во стабилен и емоционално зрел маж. Без таков пример кој би го водел низ животните предизвици, мажот често се соочува со внатрешни борби, тешко гради здрави односи и развива искривена слика за себе, пишува порталот YourTango.Мажот кој пораснал со лош татко обично лесно се препознава. Неговото однесување често открива дека во детството немал доволна поддршка и насоки. Важно е да се нагласи дека мажите со вакво искуство не треба да се двоумат да побараат стручна помош, со цел да преземат контрола врз сопствениот живот и да го прекинат кругот на негативни модели што ги наследиле.Тешко одржува структураТраумата од детството предизвикана од лош татко остава длабоки психолошки последици кои се манифестираат и во зрелата возраст. Таквиот маж често има проблеми со организацијата, одржувањето ред и придржувањето кон секојдневна рутина.Едно истражување од 2021 година покажало дека децата кои биле изложени на злоупотреба подоцна почесто имаат потешкотии со извршните функции. Тоа се одразува преку проблеми со завршување задачи, планирање и одржување рутина, поради нарушен развој на делови од мозокот задолжени за овие вештини.Ги потиснува емоциитеТаткото е првиот и најважниот пример за синот, а неговото однесување остава траен белег. Затоа не е изненадување што маж кој израснал со емоционално воздржан татко и самиот ги потиснува чувствата.Истражувањата покажуваат дека синовите на емоционално дистанцирани и негрижливи татковци често имаат проблематичен однос кон емоциите. Ако таткото наметнува крута претстава за „машкост“ во која нема место за чувства, синот учи дека ранливоста е слабост. Последицата е неможност отворено да зборува за своите проблеми и емоции.Се чувствува како дете во тело на мажРастењето со емоционално недостапен или отсутен татко често води до проблеми со идентитетот и самодовербата. Без здрав машки пример, момчето расте со сомнеж во себе и погрешна претстава за тоа што значи да се биде маж.Според студија објавена во Националната медицинска библиотека, момчињата кои растат со агресивни татковци се принудени прерано да созреат за да се заштитат. Таквото детство им ја одзема можноста да изградат сопствен идентитет, па и како возрасни можат да се чувствуваат како деца кои само глумат зрелост.Се повлекува под притисокТрауматичното детство со токсични родители го обликува начинот на справување со стресот во зрелата возраст. Мажот израснат со лош татко често развива механизми на избегнување притисок и конфликти. Истражувањата покажуваат дека детската траума значително влијае врз управувањето со стресот. Под притисок, таквиот маж се повлекува, а и на неговото тело му е потребно повеќе време да се смири по стресна ситуација.Се брани од критикаРастењето со постојано критичен родител силно влијае врз начинот на прифаќање критика подоцна во животот. Маж кој бил постојано критикуван, а ретко пофалуван, и конструктивната критика ќе ја доживее како напад. Поради тоа што во детството бил постојано „на штрек“, истиот образец го пренесува и во зрелата возраст.Не ги исполнува ветувањатаНедостигот од доверба и здрави примери во детството влијае врз способноста да се држат ветувања. Ако таткото бил непостојан и недоследен, синот тешко верува дека другите можат да бидат сигурни и стабилни. Кога нема татковска посветеност, често се јавуваат анксиозност и депресија, а како возрасен, мажот се мачи со посветеноста во сопствените односи.Нема јасна насока во живототМажите израснати со лоши татковци често немаат јасна животна насока. Тоа се одразува и на нивните односи, управувањето со емоциите и сликата за себе. Истражувањата покажуваат дека без здрав татковски пример, мажите потешко ја разбираат здравата машкост, што создава чувство на изгубеност.Се чувствува осаменоНапнатиот однос со таткото во детството се пренесува и во зрелата возраст. Проблемите со довербата го отежнуваат градењето блиски врски, па мажот често се чувствува осамено, дури и кога е опкружен со луѓе. Може да развие и страв од напуштање, што дополнително ја нарушува сигурноста во партнерските односи.Осцилира меѓу пасивност и контролаЛошото родителство остава трајни последици врз однесувањето. Таквиот маж често се движи меѓу две крајности – или е претерано пасивен или има силна потреба за контрола. Причината најчесто лежи во несигурниот стил на приврзаност развиен во односот со таткото.Бега од реалностаМаж кој пораснал со отсутен или емоционално ладен татко почесто бара начини да ја „умртви“ болката. Овие механизми на справување можат да бидат опасни и дополнително да го влошат менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека психотерапијата е еден од клучните начини за надминување на ваквите трауми.Избегнува одговорностМажот израснат со лош татко често има проблем со преземање одговорност. Татковото занемарување може да создаде ниска самодоверба и силен страв од неуспех. Наместо да ги прифати можностите за раст, тој ги избегнува за да не се соочи со сопствените чувства и потенцијалниот неуспех.Иако лошиот однос со таткото остава длабоки и негативни последици, важно е да се знае дека постои пат кон заздравување. Разговорот со стручно лице и терапијата се меѓу најважните чекори што мажот може да ги преземе за да се справи со траумите од детството.
